ЕМА почна со оценување на барањето на Фајзер за одобрување на вакцината кај деца
Европската агенција за лекови (ЕМА) почна со оценување на барањето на германската фармацевтска компанија БиоНТек и американската лабораторија Фајзер за одобрување на употребата на нивната вакцина против Ковид-19 кај деца на возраст од 12 до 15 години.
ЕМА ќе изврши забрзана проценка на податоците, доставени од Фајзер и БиоНТек, а се очекува одлуката да биде донесена во јуни, во случај да не им бидат потребни дополнителни информации.
Според податоците на производителите, вакцината е 100 отсто ефикасна кај децата.
Спроведено е истражување во кое участвувале 2.000 адолесценти, во кое се покажало дека вакцината е безбедна и ефикасна. Децата ќе продолжат да ги набљудуваат уште две години со цел долгорочна заштита и безбедност.
Вакцината на Фајзер и БиоНТек моментно е одобрена за употреба кај лица на возраст над 16 години.
Повеќето вакцини против коронавирусот кои ги одобриле властите низ светот се наменети за возрасни кои се во поголема опасност, но здравствените власти веруваат дека вакцинирањето на децата од сите возрасни групи ќе биде пресудно за спречување на пандемијата.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња