Loading Video...
Свет
11. March 2021 - 21:55

ЕМА ја одобри антиковид вакцината на Џонсон и Џонсон, а за која треба само една доза

Европската агенција за лекови  ја одобри употребата на вакцината против Ковид-19 на Џонсон и Џонсон , за која треба само една доза. Ова ќе ѝ даде на Европската Унија уште една опција во борбата против пандемијата“, изјави  извршниот директор на ЕМА. Болокот  веќе обезбеди 400 милиони дози од таа вакцина. Европскиот регулатор досега одбри три  вакцини. ЕМА  соопшти  и дека го  испитува квалитетот на серијата антикоивид вакцини на Астра Зенека пријавена од  Австрија. Австрија ја стопира употребата на серијата ABV5300 откако на едно лице му беше дијагностицирна мултипла тромбоза и почина десет дена по вакцинацијата а друго лице беше хоспитализитрано со Белодробна емболија по вакцинацијата. Серијата  е доставена во 17 земји на ЕУ и содржи 1 милион дози. Уште неколку земји на ЕУ ја прекинаа имузаицјата со Астра Зенека додека ЕМА не ја спроведе истрагата.

Турската полиција соопшти дека  привела  13 лица кои  го навредувале претседателот ЕРдоган за време на маршот по повод Денот на жената одржан во Истанбул.  Навредата на претседателот на државата во Турција е дело казниво со затвор во траење до 4 години.

Јапонија со минута молчење ја одбела 10 годишината од  земјотресеот, цунамито и нуклеатната катастрофа во регионот  Фукушима. На 11 март 2011 година  удри  Земјотрес со магнитуда од 9 степени според Рихтер и предизивка седуметарски цунами бранови. Беа уништени градови а голема штета претрпе нукеларната централа Фукушима Даичи. Повеќе од 18  000 луѓе загинаа а скоро половина милион беа раселени.  Многу делови на Фукушима каде што е атомската  централа се уште се забранети заради радиокативна контаминација. Патиштата,желензичките линии и другите клучни инфакструктурни и живеалиштата главно се поправени.