ЕМА го проценува лекот на „Мерк“ против Ковид-19
– Американскиот производител на лекови „Мерк“ денеска соопшти дека регулатoрната агенција на ЕУ- ЕМА отворила постапка за оценување на експерименталниот лек на компанијата против Ковид-19.
ЕМА ја почна првата континуирана евалуација на податоците за лековите, што значи дека ќе ги оценува податоците веднаш штом ќе станат достапни, наместо да чека формална апликација откако ќе се соберат сите податоци.
Студиите на „Мерк“ покажаа дека лекот „молнупиравир“ за околу 50 отсто ги намалува хоспитализациите и смртните случаи од Ковид-19.
„Мерк“, која „молнупиравир“ го развива со партнерот „Риџбек Биотерапевтика“, на 11 октомври поднесе барање до американскиот регулатор за итна употреба на лекот.
Група надворешни советници на здравствениот регулатор во САД ќе се состанат кон крајот на ноември за да разговараат за одобрување експериментален овој антивирусен лек.
„Молнупиравир“, доколку биде одобрен од регулаторите, ќе биде првиот лек против Ковид-19 што ќе се дава орално, а исто така и првиот третман за луѓе со благи симптоми, додека постоечките лекови најчесто се користат за лекување на критично болни.
„Мерк“ има договор со САД да продава лекови доволни за 1,7 милиона лица, а еден третман со овој лек чини 700 долари.
„Мерк“ неодамна потпиша договори со Велика Британија, Малезија, Сингапур и други земји.
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

АХВ: Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла | ФОТО
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
