ЕМА: „АстраЗенека“ да не се дава на постари од 60 години
Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека земјите треба да ја избегнуваат вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19 за лицата на возраст над 60 години поради страв од ретка појава на згрутчување на крвта.
ЕМА смета дека „АстраЗенека“ е безбедна вакцина за сите возрасни групи, но неколку земји-членки на ЕУ престанаа да ја користат за младите или ја ограничуваат на лица на возраст од 50 до 65 години.
Лидерот на работната група на ЕМА за Ковид-19, Марко Кавалери, изјави дека останува нивниот став дека „во контекст на пандемијата, корисноста на вакцината е поголема од можните ризици“.
-Но, бидејќи инфекцијата се смирува и со оглед на тоа што младите се помалку изложени на ризици поврзани со Ковид-19, веруваме дека ќе биде подобро за нив да користат вакцини развиени со mRNA технологија, како што се „Модерна“ или „Фајзер“, изјави Кавалери.
Тој потврди дека препораката важи и за лицата постари од 60 години, и дека Франција и Германија, кои имаат на располагање повеќе видови на вакцини, одлучија да ја избегнат „АстраЗенека“ за лицата над 60 години и претпочитаат да им нудат вакцини за mRNA.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
