Елтон Џон се уште се надева на состанок со Путин

Познатиот британски музичар Елтон Џон изјави дека жали што досега немал средба со претседателот Владимир Путин во текот на претстојот во Москва, но се надева дека во иднина сепак ќе може да разговара со него за правата на ЛГБТ популациајта во Русија.
На концертот во Москва, Елтон Џон се заблагодари на претседателот Путин што го покани со него да разговара за важни прашања вклучувајќи ги и правата на ЛГБТ популацијата и заболените од сида во Русија.
Британскиот кантавтор нагласи дека се надева дека до состанок со рускиот лидер сепак ќе дојде.
Џон го критикуваше законот „за забрана на геј пропагандата“ во Русија и изјавата на Путин дека хомосексуалците не треба да ги вклучуваат во информирањето и децата .
Рускиот претедател во септември го покани Елтон Џон, инаку деклариран хомосексуалец, да се состане со него за да разговараат за прашањата на правата на геј популацијата.
Поканата следеше откако легендарниот музичар на Инстаграм напиша дека телефонски разговарал со Путин, но се утврди дека бил жртва на шега на двајца Руси.
Ново на Сител
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
