-->
-->
Елтон Џон мина две ноќи в болница поради инфекција
-->

Британскиот пејач Елтон Џон мина две ноќи на интензивна нега поради можна смртоносна бактериска инфекција. Тој ги откажа сите свои концерти до крајот на мај, изјави неговата портпаролка Френ Куртис.
Според нејзините кажувања, британскиот музичар се разболел по враќањето од турнејата во Јужна Америка, која заврши во Чиле на 10 април. Иако не рече за што точно се работи, се истакнува дека пејачот се заразил со „штетна и необична бактериска инфекција".
Откако е пуштен од болница во саботата, Елтон Џон се наоѓа на домашно лекување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
