Фудбал
4. September 2017 - 12:49

Елмас во строј кај Милевски за дуелот со Ерменија

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да може да биде во составот на А репрезентацијата за утрешниот дуел против Албанија во Струмица поради два жолти картони. Вториот го доби во Хаифа во саботата, така да ќе има право на настап за репрезентацијата до 21 година која утре го игра првиот натпревар против Ерменија во новиот циклус квалификации за ЕП 2019.