Елмас: Треба да покажеме дека заслужено сме тука и настапот да го завршиме со победа
На вчерашниот брифинг, Ељиф Елмас изјави дека без разлика дали Холандија ќе игра со прв или втор состав, ги чека нова тешка битка на овој шампионат.
„Спремни сме за овој натпревар. Нè очекува тежок дуел, без разлика на тоа што Холандија може да игра со втор состав. Тоа нас не ни е многу важно. Треба да ја играме нашата игра и да продолжиме со одличните партии на овој турнир и време е да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни меча, но тоа неискуство во нашите редови ни направи проблеми. Затоа треба почесто да бидеме на ваквите натпреварувања.
Не може од сега да се знае дали натпреварот ќе биде отворен. Холандија игра технички фудбал, но ние треба да си ја играме нашата игра. Треба да покажеме дека заслужено дојдовме на овој шампионат и настапот да го завршиме со победа", рече Елмас.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија