Елена Ристеска за Влатко : Поздрави го Тоше и татко ми
Пејачката Елена Ристеска сподели статус за Влатко во кој таа открива дека во блиска иднина заедно требале да го направат дуетот за песната „Усни како темно мастило“.
Таа во пораката ги поздрави Тоше и нејзиниот починат татко:
- Слушам и неможам да верувам, читам и шокирана сум до бескрај… Што да напишам? Што да кажам? Боли кога ќе згасне млад живот, посебно уметничка душа обожавана од сите и од колегите. Знаевме да се скараме, знаеше да се нашали, не бевме најблиски ама се почитувавме. Не ми се верува дека вчера околу ручек ми пиша да направиме дует за “Усни како темно мастило” што требаше да го направиме одамна, а денес веќе го нема! На следната слика ја ставив пораката. Некогаш не разбирам зошто Бог ги зема ваквите луѓе, но верувам дека сега таму кадешто е, посреќен е… Почивај во мир, поздрави го Тоше и татко ми, еден ден таму некаде ќе си пееме и ќе си го испееме и дуетот.
Ново на Сител
-

Каква помош им пружа државата на жртвите на семејно насилство?
-

Нема македонски граѓани на крузерот каде има хантавирус - ИЈЗ ја следи состојбата
-

Започна генералка викенд – отпад собираше и претседателката Сиљановска Давкова
-

Преглед на вестите од светот
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
