ЕЛЕМ ги даде на увид податоците поврзани со тендерот за гумени траки за РЕК Битола
Во врска со тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, а во однос на информациите во јавноста за учеството на фирмата „Фероинвест“, АД ЕЛЕМ ги објави податоците поврзани со текот на целата тендерска постапка.
Информираат дека „Фероинвест” доставил понуда до АД ЕЛЕМ на 12 април 2017 година во 15:37 часот преку Електронскиот систем за јавни набавски (ЕСЈН). Јавното отворање на понудите се одржало наредниот ден, а евалуацијата е завршена на 29 јуни. Првата аукција е одржана на 3 јули за сите пет лота (одвоени пакети за набавка). Првата одлуката за избор на најповолен понудувач е донесена на 10 јули 2017 година, а решение од Државната комисија по жалби за јавни набавки (ДКЖЈН) со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 28 јули 2017 година.
Според ЕЛЕМ, повторната евалуација е почната по добивање на решението од ДКЖЈН и завршена е на 4 август 2017 година. Втората аукција е одржана на 8 август за сите 5 лота. Одлуката за избор е донесена на 15 август, а решение од ДКЖЈН со кое ја враќа постапката во повторна евалуација е донесено на 1 септември 2017 година.
Ново на Сител
-
Алиу: За два дена прегледани над 200 лица во рамки на скринингот во Трубарево
-
Ли: Кина и САД мора да пронајдат вистински начин за соработка во новата ера
-
Медиуми: УЕФА идната недела ќе донесе конечна одлука за евентуална суспензија на Израел
-
Пожар во близина на депонијата кај Арачиново | ФОТО
-
Лавров ги обвини НАТО и ЕУ дека водат „вистинска војна“ против Русија
-
Трамп најави нови царини на лекови, камиони, мебел
-
Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје, ќе биде осветен на 28 септември
-
Без струја повеќе скопски села и општини