Електронско аплицирање за ученички стипендии до 15 октомври
Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.
Како што посочуваат од МОН, станува збор за вкупно девет различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.
-МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk ,се наведува во соопштението од Министерството.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место