Електронска аукција за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија
Електронска аукција на која услов за добивање на тендерот за избор на нов универзален снабдувач со електрична енергија е да се понуди профитна маржа пониска од 11,5 отсто, колку што изнесува маржата на досегашниот универзален снабдувач „ЕВН Хоум“, денеска ќе се одржи во Скопје.
За повикот покрај постојниот универзален снабдувач интерес појави и грчката ЕДС – „Енерџи деливери солушнс“, која е фирма ќерка на Грчкото електростопанство ППЦ.
На универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“ на 30 јуни 2024 година му истекува пет-годишниот договор за снабдување со електрична енергија на потрошувачите на регулираниот пазар. Поради тоа Владата на 11 декември 2023 година објави јавен повик за избор на нов универзален снабдувач што ќе треба во наредните пет години, почнувајќи од 1 јули 2024 година да ги снабдува со електрична енергија потрошувачите на регулираниот пазар.
Ново на Сител
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона