Елбасан „блиндиран“ пред утрешниот натпревар Албанија - Израел
Албанскиот град Елбасан уште од попладнево е “блиндиран“ од безбедносни причини, поради утрешниот фудбалски натпревар Албанија - Израел, во рамки на Лигата на нациите.
Поради проценката дека станува збор за натпревар од висок ризик, како што соопшти албанската полиција, превземни се сите потребни мерки во соработка со меѓународни претставници и безбедносните структури на земјата, како и нивните израелски колеги.
- Со цел целосна безбедност ангажирани се над илјада припадници на албанската полиција, од сите сектори. Тие ќе се грижат за безбедноста надвор од стадионот и контролата на навивачите при влегувањето во стадионот. Освен нив, на готовност, при евентуално потреба ќе бидат и припадниците на специјалните единици „Ренеа“ и „Делта“ единицата за брзи интервенции. Зајакнати се и контролите на граничните премини поради влез на странски навивачи, соопшти полицијата.
Полициските служби ги контролираат и социјалните мрежи заради идентификација на поединци и групи, кои може да повикуваат есктремизам и слично. Поширокиот простор околу стадионот „Елбасан арена“ е надлетуван и од полициски хеликоптери.
Веќе десетина дена во Елбасан се и израелски агенти, а со селекцијата има и дополнително обезбедување.
Натореварот почнува утревечер во 20.:45 часот. Стадионот има 12.474 седишта и 15 влезови.
Ново на Сител
-
Дембеле за мечот со Данкерк: Останавме фокусирани и покрај водството на противникот
-
УХМР: Зголемен водостостојот на реките
-
Палчо отстранет од судница, Кешишев се плаши да зборува пред него
-
Во Тетово приведен бегалец од затвор
-
НБА суспендираше петмина кошаркари за тепачката во Минеаполис
-
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата
-
Премиер лигата воведува полуавтоматизирана технологија за проценка на офсајд
-
Јокиќ постави рекорд во НБА