Кошарка
2. December 2017 - 11:11

ЕЛ: Сензација во Мадрид, пресуди Антиќ

Кошаркарите на Црвена Звезда ја прекинаа серијата порази во Евролигата и по 5 запишани нули го изненадија Реал во Мадрид совладувајќи го со 87:83 во 10. коло (24:19, 15:27, 19:21, 25:20).
Јунак во црвено-белиот тим беше Перо Антиќ кој реализира тројка на 7 секунди до крајот.
Антиќ постигна вкупни 11 поени а најефикасен кај Звезда беше Тејлор Рочести со 18 поени. Кај Реал Дончиќ реализира 20.