Ел Салвадор ги затвори границите со ниту еден случај на Ковид-19
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле ги затвори целосно границите на својата земја, пред во неа да биде потврден и првиот случај на коронавирус.
Букеле, кој е внук на палестински емигрант, независен претседателски кандидат и аутсајдер, кој победи на изборите за шеф на државата, истовремено е и поддржан и жестоко критикуван поради своите одлуки на почетокот на кризата со новиот коронавирус.
Додека едни се согласуваат со преземениот одличен чекор со цел да ја спаси земјата од епидемија на Ковид-19, други го критикуваат и го нарекуваат самоволен владател кој го прекршува Уставот на сопствената држава.
– Букеле преку социјалните мрежи се пресметува со своите политички противници, вклучувајќи ги и новинарите. Постојано е незадоволен од Парламентот, кој е под контрола на две традиционални партии, и нема трепение да слуша критики. Ги напаѓа институциите кои го спречуваат, забавуваат или ограничуваат неговото делување, објаснува Геф Тејл, претседател на американската канцеларија во Латинска Америка.
Претседателот на Ел Салвадор има два милиона следачи на Твитер, а анкетите често покажуваат дека е поддржан од речиси 90 отсто испитаници.
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат