ЕЛ: Реал Мадрид европски првак по 10-ти пат
Иако не беа во најдобра форма во еден дел од Евролигата за разлика од Фенербахче сепак предводени од новата ѕвезда на европската (и светската) кошарка, Лука Дончиќ кошаркарите на Реал Мадрид ја освоија 10. европска титула, откако во финалето на Евролигата во Белград со 85:80 го совладаа досега актуелниот шампион, турскиот Фенербахче.
Фенер започна подобро во „Белградската арена“ и преку Калиниќ и Дувериолу, но потоа шпанскиот клуб уфрли во „втора брзина“ и со одлична низа стигна до +8 на почетокот на втората четвртина.
Николо Мели со своите 11 поени ги одржа Фенер во игра, и актуелниот шампион се врати во водство, за на полувреме тимот на Жељко Обрадовиќ да замине со 40:38. Шпанците одлично го започнаа второто полувреме со низа од 7:0, и оваа предност ја одржаа до финишот на натпреварот, и покрај храбриот обид за кам-бек на Фенер во последната четвртина.
Најефикасен за „Лос бланкос“ беше Французинот Фабиен Косер со 17 поени, додека Дончиќ, кој веќе беше прогласен за МВП на сезоната уфрли 15 поени. Во Фенербахче Николо Мели имаше дури 28 поени, а Бред Ванамејкер беше сопрен на 14.
Неуспехот на турскиот клуб значи дека нивниот тренер Обрадовиќ ќе мора да почека пред да ја прослави десеттата европска титула.
Реал Мадрид пак, по 10. кошаркарска титула, има шанса да биде и фудбалскиот владетел на Европа, бидејќи на 26 мај го игра и финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
