ЕЛ: Победа на Ефес
Анадолу Ефес, по подолго време во својот состав со Шејн Ларкин, стигнаа до 84:79 победа на гостувањето кај Олимпијакос за само втор триумф во шестото коло во Евролигата.
Ефес имаше +6 предност на полувреме, која ја заддржаа до крајот на мечот за победа. Ларкин постигна 11 поени од своите 15 во последната четвртина, а имаше и одлична помош од Василие Мициќ, кој додаде 20 поени. Хасан Мартин со 11 поени беше најефикасен за Олимпијакос, а Слукас и Меккисик додадоа по 10 поени.
Своја прва победа во новата сезона оствари рускиот Химки, откако со 83:77 беше подобар од тимот на Црвена звезда. Српскиот шампион пружаше одличен отпор и водеше со 63:58 пред последната четвртина, кога се случи пад на концентрацијата во тимот на Саша Обрадовиќ. Ерик Меккалам имаше 23 поени, Алексеј Швед додаде 15 поени и 12 асистенции, додека за Звезда, Џордан Лојд имаше 18, а Џони О’Брајант додаде 14.
ЕВРОЛИГА, 6.КОЛО
Химки – Црвена звезда 83:77 (19:22, 25:18, 14:17, 25:20)
Олимпијакос – Анадолу Ефес 79:84 (26:29, 12:15, 19:19, 22:21)
Басконија – Барселона 71:72 (19:20, 18:19, 19:19, 15:14)
Ново на Сител
-
Вучевиќ: Обвинение за трагедијата во Нови Сад во наредните недели
-
Одреден притвор за министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ
-
Дедомразовска трка на плоштадот во Скопје
-
Утре пресуда за мајката и таткото на Коста - детето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград
-
Во Скопје и други градови изутринава претреси во врска со криумчарење луксузни возила
-
Хрватите гласаат на претседателски избори
-
Бројот на загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја се искачи на 120
-
Состојба на патишта