-->
-->
„Ел класико“ ќе се игра под огромно обезбедување
-->

Големото дерби Реал-Барселона, кое на програмата е в сабота, една недела по терористичките напади во Париз, ќе биде натпревар кој ќе го обезбедуваат најголем број на полицајци во историјата на шпанскиот фудбал. Шпанците организацијата околу обезбедувањето ја споредуваат со мерките кои биле применувани за време на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
„Ел Класико“ ќе го обезбедуваат 2.600 полицајци и други членови на обезбедување, што е дури шест пати повеќе од вообичаениот број на луѓе кои се ангажираат за вакви натпревари.
Инаку, по состанокот во четвртокот, помеѓу шпанската влада, градските власти на Мадрид, претставниците на Реал, градскиот превоз и службите за обезбедување, било заклучено дека вистинска опасност од терористички напад не постои, но дека мерките кои се превземаат се неопходни.
Портите на стадионот ќе бидат отворени од 16:15 часот, односно два часа пред почетокот на мечот. На секој влез ќе стои по еден припадник на обезбедувањето, а не како што е вообичаено еден човек од обезбедувањето да стои на два влеза.
Во Мадрид се очекува да пристигнат и голем број на шпански туристи, а глобалниот фудбалски спектакл ќе го следат околу 500 милиони луѓе преку телевизиските екрани, информираа од шпанската телевизија.
Без оглед на терористичкиот напад во Париз, огромен е интересот за влезниците, интернет платформата специјализирана за продажба на билетот Ticketbis, соопшто дека просечна цена на билетите кои се бараат кај нив изнесува 659 евра.
Кога станува збор за составите, тренерот на Реал, Рафа Бенитез на располагање ги има сите играчи и тој најави дека неговиот тим ќе игра офанзивно, на гол повеќе. Од друга страна стратегот на Барселона, Луис Енрике има само една дилема, а тоа е Лео Меси, односно дали Аргентинецот ќе започне од самиот почеток или шансата ќе ја чека од клупата.
Пред големото дерби, кое се игра во рамките на 12.коло во Примера, Барселона е лидер со 27 бодови, три повеќе од Реал и четири од Атлетико Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД
-

Трамп: Иран сериозно го прекрши примирјето, но американските претставници вo понеделник ќе бидат во Пакистан
-

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина
-

Хутите се заканија дека ќе го блокираат теснецот Баб ел-Мандеб покрај брегот на Јемен ако Трамп продолжи да го нарушува мирот
-

Мицкоски за кривичната пријава од СДСМ: Фокусиран сум на развојот на државата, партиите кои живеат во сопствените лаги ги разочаруваат граѓаните
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
