„Ел-џи“ паметните телефони, најверојатно, заминуваат во историјата
Јужнокорејската компанија „Ел-џи“ долги години беше добро познато име на пазарот на телефони. Сепак, последниве неколку години, ја губи трката со „поголемите играчи“.
Така, за многумина и не е изненадување веста дека Ел-џи телефоните на наскоро може да заминат во историјата. Според „Кореја хералд“, вработените во „Ел-џи електроникс“ биле информирани дека „се подготвуваат големи промени во плановите за производство на телефони“. Сè уште не е познато што точно значи тоа, па претпоставките говорат дека одделот задолжен за паметни телефони или ќе биде продаден или целосно затворен.
Компанијата, инаку, загуби 4,5 милијарди долари последниве пет години само на пазарот на паметни телефони, па затоа оваа одлука можеби не е толку изненадувачка како што може да изгледа на прв поглед.
Сепак, Квон Бонг-Сеок, извршен директор на компанијата, им порача на своите вработени дека нема да бидат отпуштени. Ова е поткрепено со фактот што фирмата неодамна се префрли на други видови технологија. Пред сѐ, нагласката е на паметни домашни уреди, какви што скоро беа прикажани и на овогодишниот ЦЕС саем.
Ново на Сител
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС