Ел Чапо има халуцинации во затворот во Њујорк, тврдат неговите адвокати
Адвокатите на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“ тврдат дека се влошува неговото ментално здравје во американскиот федерален затвор во Њујорк поради репресивните мерки кои се применуваат и оти тој почнал да халуцинира.
Оваа оценка ја изнесоа адвокатите во барањето за психолошка проценка на нивниот клиент, доставено до судот.
Американските медиуми потсетуваат дека Ел Чапо од јануари се наоѓа во њујоршкиот затвор и оти на него се применуваат рестриктивни услови, познати како специјални административни мерки.
Адвокатите на Ел Чапо наведуваат дека тој веќе не може да се сети на луѓе, места и настани, се жали на халуцинации и тврди дека Владата го снима додека престојува во ќелијата.
Шефот на нарко-картелот „Синалоа“ два пати бегаше од затвор со максимално обезбедување во Мексико, пред минатата година да биде уапсен и екстрадиран во САД.
Ново на Сител
-
Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори
-
Вучиќ: Мандатар за состав на нова влада е Ѓуро Мацут
-
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на Струга – Ќафасан
-
Задолжителна употреба на зимска опрема на патот Тетово – Попова Шапка
-
Таравари: Раководство на партијата ќе се обиде да најде заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори
-
„Сите имаме повредени или загинати роднини и пријатели, револтирани сме од овој гнил систем“, истакнаа организаторите на протестниот марш во Кочани
-
Царините на Трамп предизвикаа „хаос“, повеќе од 50 земји бараат преговори со Белата куќа
-
Лидерот на најголемата опозициска партија во Турција побара предвремени избори