Еквадор освои бод во дуелот со Бразил

Еквадор успеа да извече 1:1 реми против фаворитот Бразил и да ги зголеми своите шанси за пласман на Светското првенство во Катар, во меч кој почна со брутални половина час и два црвени картони, а заврши со ВАР-драма, кога десетина минути се разгледуваше дали Алисон Бекер треба да добие црвен картон (повлечен по вторпат).
Мечот уште во првата минута го донесе првиот жолт картон за бразилскиот дефанзивец Емерсон Ројал, за во шестата минута, Касемиро да ги донесе „Селесао“ во водство. Голманот на Еквадор, Александер Домингез во 15. минута го доби првиот заслужен црвен картон за бруталниот старт, но само пет минути подоцна се постигна рамнотежа, откако Емерсон Ројал го доби вториот жолт картон. Беше покажан и трет црвен картон во 31. минута, овојпат на голманот на Бразил, Алисон Бекер, меѓутоа по прегледувањето на ВАР снимката, судијата го промени во жолт картон.
Еквадор израмни во 75. минута преку Феликс Торес по еден корнер. До крајот на мечот беа покажани уште четири жолти картони, пред да се случи уште една драма – судијата повторно да му покаже втор жолт картон (односно црвен) на Алисон Бекер по боксирање на една топка, па по долга пауза да ја разочара публиката во Кито и да го повлече црвениот картон и досудениот пенал.
Бразил веќе е квалификуван на Мундијалот, додека Еквадор е на одличното трето место во јужноамериканската група (директно се пласираат четири) со седум поени предност пред Колумбија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
