Еквадор го прекори Асанж за поддршката на независна Каталонија

Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, кои би можеле да ги нарушат еквадорските односи со други држави.
Асанж од декември 2012 година живее во амбасадата на Еквадор во Лондон, каде се засолни со цел да избегне апсење од британската полиција по налог распишан од Шведска под обвинение за силување.
Тој тврди дека мотивите на налогот за апсење е со цел да им биде предаден на САД, каде би одговарал поради тајни податоци објавени од страна на Викиликс.
Еквадор му даде азил на Асанж и му дозволи да остане во Амбасадата, но по последните изјави во кои им изразуваше поддршка на каталонските партии кои се залагаат за независност од Шпанија, еквадорскиот претседател Ленин Морено го предупреди „да внимава на своето однесување“.
Според Министерството за надворешни работи на Еквадор, Асанж ветил дека во иднина ќе ги почитува своите домаќини и условите под кои му е доделено правото на азил.
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
