-->
-->
Еквадор го бара мундијалското место на Чиле
-->
Чиле поднесоа официјално барање до ФИФА во кое бараат директен пласман на Светското првенство во Катар на местото на Еквадор, поради тоа што наводно Еквадорците играле со фудбалер кој немал право на настап во текот на квалификациите.
Фудбалерот за кој се сомневаат Чилеанците е Бајрон Кастилјо, кој наводно е роден во Колумбија три години пред документацијата која кажува дека е Еквадорец, и според правилата на ФИФА следува казна за секој ваков инцидент.
Истрагата претходно донесе казна за 75 младински фудбалери кои биле регистрирани во Еквадор со лажни документи, а Кастилјо бил дел од тој процес, и Чилеанците бараат „правда“.
„Според сите информации и документација, фактите покажуваат сериозно прекршување на правилата и побаруваат истрага од ФИФА. Секогаш сме ги почитувале принципите на ферплеј и се надеваме дека и другите федерации ќе го направат истото“, изјави Пабло Милад, претседателот на Чилаеанската фудбалска федерација.
Еквадор завршија на четвртото место во јужноамериканската квалификациска група за Катар, со што добија автоматски пласман, додека Чиле Чиле поднесоа официјално барање до ФИФА во кое бараат директен пласман на Светското првенство во Катар на местото на Еквадор, поради тоа што наводно Еквадорците играле со фудбалер кој немал право на настап во текот на квалификациите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат