Екстерното тестирање во Крива Паланка без проблеми
Екстерното тестирање на вкупно 197-те матуранти од средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка започна навреме и протече без проблеми.
- Сите ученици се присутни, тестирањето протекува во нормални услови. Техниката е ставена во погон, немаме никакви роблеми на тој план бидејќи ни помага администраторот за информатичко општество, а вклучени се и учениците од електро-техничката струка, така што се помина во најдобар ред, изјави Миле Милковски, директор на СОУ „Ѓорче Петров“, Крива Паланка.
Рече дека нема изостанувања на денешното полагање на првиот предмет од екстерно тестирање.
- Полагаа вкупно 197 ученици од завршните години, 163 од гимназиско образование, како и 34 од стручните паралелки, 18 од готварската струка и 16 авто-механичарска струка, додаде Милковски.
Распоредите на предметите за полагање беа објавени во училиштата на 27 јануари. Проверки на знаењата на учениците од вторито предмет ќе се вршат во четврток, трети февруари, а прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот