Експлозија во магацин за ракети во Русија, евакуирани 600 лица

Руското Министерство за одбрана соопшти дека околу 600 лица се евакуирани, поради експлозија што се случила рано утринава во магацин за муниција на воен полигон во Астрахан во јужна Русија.
Како што јави ТАСС, при експлозијата нема жртви.
Во соопштението се посочува дека се запалиле лансирни рампи кои се користат за лансирање на ракети во ниската орбита околу Земјата.
Најмалку 600 лица се евакуирани од населбата во близина на воениот магацин, вклучувајќи ги и вработните во објектот.
Пожарникарите за кусо време успеале да го изгаснат пожарот.
- Пожарот се случи по низа силни експлозии. Според првичните информации, магационот содржи делови за производство на ракети, вклучувајќи и ракетни мотори, изјави локален претставник.
„Раша тудеј“ во првите извештаи пренесе дека во експлозијата загинале 50 лица, но руското Министерство за одбрана го демантираше тоа.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
