Експлозија во магацин за пиротехника во Бугарија
Експлозија во магацин за пиротехника во бугарскиот град Елин Пелин, кај Софија. Според информациите, повредени се две лица.
Се работи за маж (48) и девојка (20). Двајцата се здобиле со изгореници од трет степен.
„Изгорениците од трет степен значат оштетување на ткивото и кожата во состојба кога таа паѓа“, објасни директорот на Ургентниот центар, д-р Валентин Димитров.
На лице место имало пет возила на брза помош.
Министерот за внатрешни работи Калин Стојанов изјави дека има големи шанси во магацинот да има уште две лица.
„Ситуацијата е многу сериозна. Станува збор за компанија која се занимава со пиротехнички производи. Има шест магацини кои се полни со такви производи. Пожарникарите досега успеаја да ги евакуираат сите тешко повредени лица“, рече министерот.
Тој рече дека нема можност да се вклучат хеликоптери во гаснењето на пожарот.
„Доколку овие магацини се навистина полни, веруваме дека уште долго ќе татнеат“, рече Стојанов.
Според првите извештаи, пожарот избувнал во три магацини.
Се очекува истрагата и увид ќе се направат откако пожарот целосно ќе биде изгаснат.
Ново на Сител
-
Укината блокада на трите гранични премини меѓу Косово и Србија
-
Ангелов: Попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово
-
Бод за македонската репрезентација од гостувањето во Фарски острови
-
Тројца малолетници лишени од слобода поради физички напад во Градски парк
-
Две лица од Кочани лишени од слобода поради сомнение дека извршиле убиство на нивниот сосед во неговиот дом
-
Средношколец од Скопје се заканувал на вработени во училиштето, оштетил инвентар
-
Николовски: Го поставивме лозаровинарскиот сектор како еден од најприоритетните во делот на поддршката од Владата и државата
-
Мелони и Зеленски разговараа за постигнување праведен мир и обнова