Експлозија во Лондон
Во станбениот дел на Финсбари паркот во северниот дел на Лондон денеска имаше експлозија при што се повредени две лица меѓу кои еден полицаец. Во тек е евакуацијата на лицата кои живеат во тој дел.
Пожарникарските служби се обидуваат да го угаснат пожарот што избил по експлозијата, наведува британскиот „Експрес“.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата, што избила во еден стан. Се уште никој не е уапсен.
Портпаролката на лондонската полиција објасни дека добиле повик околу 11.50 часот, по локално време, поради инцидент во еден стан, каде се случила експлозијата.
- Засега имаме инфирмации дека се повредени две лица. Еден маж има сериозни изгореници, додека на еден полицаец му е повредена раката. Ги очекуваме останатите детали. Сите служби работат заедно на лице место, наведе таа.
Ново на Сител
-
Одобрено обвинението за пожарот во Пулс
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?
-
Милионски долг предизвика кавга меѓу директорот на ЈСП и приватните превозници