-->
-->
Експлозија во кинески универзитет, двајца загинати
-->
– Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во експлозија на универзитет во источна Кина, јавија денеска кинеските државни медиуми.
Експлозијата се случила во неделата попладне на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг.
Властите ја истражуваат причината за експлозијата на Факултетот за наука за материјали и технологија на Универзитетот, објави кинеската државна телевизија ЦЦТВ (CCTV).
Идентитетот на жртвите не е соопштен. На веб-страницата на училиштето се наведува дека повеќе од 1.000 странски студенти посетувале курсеви за инженерство, бизнис и кинески јазик, но не е јасно колку останале откако Кина почна да воведува ограничувања за патувања поради пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Дружба“ повторно активен: Унгарија ја обнови испораката на нафта
-
Арсенал суспендираше 17 свои навивачи
-
На ГП „Табановце” и на „Богородица“ се чека до 30 минути
-
Во сабота почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори
-
Трамп: САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка
-
Бесент: Има напредок во трговските преговори меѓу САД и Кина
-
Блумберг: По средбата со европските лидери, Трамп од Орбан побара укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ
-
Сончево со локална облачност, температура до 35 степени