Експлозија во фабрика за опрема за голф во јужен Тајван: Пет лица загинаа, а 100 се повредени
Пет лица загинаа, а 100 се повредени во експлозија во фабрика за опрема за голф во јужен Тајван, соопштија тајландските власти.
Тројца пожарникари се меѓу десетте исчезнати, соопшти противпожарната служба, пренесува „Ројтерс“. Нема информации кои се причините за експлозијата.
Ситуацијата во Ереван, главниот град на Ерменија останува тензична а приврзанците на опозицијата најавуваат секојдневни протести по воената интервенција на Азербејџан во Нагорно Карабах каде се проценува дека живеат околу 120.000 Ерменци.
Азербејџан и ерменските сепаратисти од Нагорно Карабах ги одржаа своите први директни мировни разговори во четвртокот, откако сепаратистите се согласија да го положат оружјето како дел од планот за прекин на огнот со посредство на Русија.
Преговарачите на Баку претставија план за „реинтеграција“ на ерменското население на спорната територија во Азербејџан.
Опозицијата бара оставка од премиерот Пашијан и ги повика демонстрантите да ги блокираат патиштата.
САД наскоро би можеле да ѝ дадат на Украина ракети АТАЦМС со долг дострел, јавуваат американски медиуми.
Според „Вашингтон пост“, станува збор за варијанта која може да биде наполнета со распрснувачка муниција. Ен-Би-Си Њус информираше дека американскиот претседател Џо Бајден му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски мал број од овие проектили.
Тие се погодни за уништување бункери и заштитени борбени пунктови оддалечени до 500 километри. Постои загриженост дека со овие два вооружени система ќе може да се гаѓаат цели во Русија. Киев ги отфрла ваквите грижи како неосновани.
Телефонски разговор со итната помош во САД привлече големо внимание кога стана јасно дека на другата страна на линијата е пилотот кој се катапултираше од невидливиот борбен авион кој минатата недела се сруши во близина на јужна Каролина.
Авионот Ф35 молња кој е врв на американската воена технологија е речиси невозможно да се прати со радар. Поради тоа, на американската војска и требаше повеќе од еден ден за ги најде остатоците по несреќата.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар