-->
-->
Експлозија во дворот на РТК во Приштина, нема повредени
-->
Во дворот на Радиотелевизија Косово (РТК), во непосредна близина на сателитските антени, синоќа експлодирала засега непозната експлозивна направа, соопшти телевизијата, наведувајќи дека никој не е поврдени, пренесе Фена.
Експлозијата се слушнала малку пред 22 часот.
Полицијата ја блокира зградата на телевизијата и бара докази за да утврди дали зградата на Радиотелевизија Косово била нападната со експлозивна направа.
Во моментот на експлозијата во просториите на РТК имало новинари и останати вработени кои се вознемирени од експлозијата, наведе Танјуг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Насилство во Автокомада, маж удрил жена со гајба полна со стаклени шишиња по главата и тешко ја повредил
-
Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина
-
Голема полициска акција во Липково, Куманово и Желино
-
За влез и излез од државава се чека до 30 минути на граничните премини
-
Странски експерти ќе утврдуваат дали се правеле непотребни кардиолошки операции во приватните болници
-
Муцунски во Брисел на средби со Марта Кос и Јан Копман
-
Генерал Замир: Договорот за заложниците е на маса, треба да го прифатиме, одлуката е на Нетанјаху
-
ЦУК: Еден активен пожар, два под контрола, вкупно 24 изгаснати пожари