Експлозија во брод на пристаништето во Ираклио на грчкиот остров Крит, повредени четири лица
Четири лица, членови на екипажот се повредени во експлозијата што рано утрово се случила во патнички брод закотвен на пристаништето во Ираклио на грчкиот остров Крит.
Според грчките медиуми, експлозијата не била од голeми размери, повредените лица се членови на екипажот, сите се пренесени во болница, а еден од нив е во сериозна состојба.
Патничкиот брод сообраќал на линијата Атина- Крит, утрово стигнал на островот од атинското пристаниште Пиреас, а експлозијата се случила откако патnиците веќе го напуштиле бродот.
Надлежниот на крајбрежната служба во Ираклио Ефтимис Дувис, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека експлозијата била во просторот каде што се моторите. Tочните причини се утврдуваат, но дека првичните процени се дека пукнала пумпа.
Ново на Сител
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Александар Бајдевски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Трагедија на Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ