Свет
29. August 2017 - 10:06

Експлозија во банка во Кабул, најмалку еден загинат

Најмалку едно лице загина во експлозија која што се случила во простории на банка лоцирани во близина на американската амбасада во Кабул, јавува радиото Слободна Европа.

Според портпаролот на авганистанското М инистерство Наџиб Даниш, експлозивна направа е активирана утринава на влезот на филијалата на „Кабул банк“, којашто е сместена до утврдениот комплекс на американската амбасада.

Министерството за јавен ред и мир на Авганистан објави дека во експлозијата загинал еден, а осуммина се повредени. 

Засега никој не ја презел одговорноста за нападот.