Експлозија на гас во Волоград, едно лице загина

Едно лице загина, а осуммина се повредени во експлозија на гас во станбена зграда во рускиот град Волгоград, соопштија денеска локалните руски власти.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините на зградата за да утврдат дели некој останал заробен по експлозијата, пренесуваат руските медиуми.
Експлозијата на седмиот кат во деветокатницата во Волгоград, која се наоѓа на 900 км југоисточно од Москва, се случила вчера околу пладне.
При експлозијата е уништен речиси целиот надворешен ѕид на зградата на едната страна, а огнот се поширил и на другите катови.
Директорот на Службата за вонредни ситуации во Волоград, Олег Гребењук, за медиумите изјави дека е пронајдено телото на една жртва, како и дека се верува дека под урнатините се затрупани уште десетина лица.
Во делот на зградата во која се случила експлозијата живееле околу 150 луѓе, а евакуираните граѓани се сместени во локалното училиште.
Ново на Сител
-

Кривична за екс градоначалник на Чашка
-

Македонец во Белград запалил пицерија поради отказ и им праќал видео на газдите
-

Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
-

Стивнува грипот во Куманово
-

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за злоупотреба на службената положба и овластувањето
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
