Експлозии во Киев по состанокот на Зеленски со Гутереш
Најмалку две експлозии беа регистрирани вечерва во главниот град на Украина, Киев, веднаш по средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на ОН – Антонио Гутереш.
Експлозиите се случија по прес-конференцијата за време на која Гутереш ги осуди злосторствата извршени во градовите како Буча, каде што беа пронајдени докази за убиства на цивили по повлекувањето на руските сили. Експлозиите предизвикаа пожари во најмалку две високи згради.
Властите соопштија дека Гутереш и неговиот тим се безбедни.
На заедничката прес-конференција со Зеленски, Гутереш, меѓу другото, го критикуваше Советот за безбедност на ОН дека не направил сѐ во своја моќ за да ја запре војната во Украина.
Советот за безбедност не успеа да оди доволно далеку во своите напори „да ја спречи и да стави крај“ на руската војна во Украина, рече Гутереш.
„Да бидам многу јасен: Советот за безбедност не направи сѐ што е во негова моќ за да ја спречи и стави крај на оваа војна. И ова е извор на големо разочарување, фрустрација и гнев“, додаде генералниот секретар на ОН.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци