Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

Масовна полициска и противпожарна акција е во тек од раните утрински часови во северниот дел на Минхен, каде што специјални единици и експерти за експлозиви интервенираа по неколку експлозии и пукање.
Околу 4:40 часот пожарникарите добиле дојава дека куќа е зафатена од пожар, по што следеле извештаи за силни детонации. На самото место било пронајдено машко тело. Според „Билд“, станува збор за маж кој ја минирал куќата на своите родители, ја запалил и потоа си го одзел животот. Тој носел ранец за кој полицијата се сомневала дека содржи експлозивна замка, па експертите за неутрализација на бомби ја презеле акцијата.
Во непосредна близина на Езерото Леренау е пронајдена уште една повредена личност со прострелни рани. Спасувачките и полициските екипи и натаму работат на теренот, а истрагата ја води и одделението за убиства.
Инцидентот се случил на улицата Леренауер, каде што е изолиран поширок периметар. Полицијата апелира до граѓаните и возачите да ја избегнуваат областа. Основното и средното училиште на улицата Тони-Пфилф останува затворено додека трае истрагата. Огромен облак од чад е видлив од голема далечина.
„Нема опасност за јавноста и настанот нема никаква врска со Октоберфест“, изјави полицискиот инспектор Томас Шелшорн за „Билд“.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
