Македонија
31. January 2019 - 16:36

Експертите со поделени мислења по одлуката на ДУИ да оди на избори со свој кандидат

Вистинско раздвижување на политичката сцена донесе вчерашната одлука на ДУИ со сопствени сили да ја трча претседателската трка.
На помалку од 3 месеци до изборите, Ахмети за прв пат по договорот за коалиција му откажа љубов на Заев.

Експертската јавност поделена, коментарите многубројни.

Го препозна ли Ахмети вистинскиот момент за да повлече потег кој освен додадена демократска вредност на изборниот процес ќе отвори и простор за дополнително зацврстување на позициите на ДУИ, партија која веќе 18 години нема вистинска конкуренција во албанскиот политички блок.

За дел од аналитичарите, вчерашниот чекор на Централното претседателсво во Мала Речица е само кулминација на тензијата која тлее во односите меѓу СДСМ и ДУИ.

Од ДУИ вчера со официјален став дека тензија во коалицијата нема и дека идејата да се оди со сопствен кандидат е плод на демократијата која владее во Мала Речица.