Експертите сметаат дека политиките кои досега давале резултати за помала невработеност, треба да бидат применети и од новата влада
Политиките за вработување кои даваат резултати треба да се продолжат, сметаат експертите коментирајќи ги најновите податоци за стапката на невработеност. Според евиденцијата на заводот за статисика таа во првиот квартал е 22,9% што е најниско откако се вршат мерењата.
Намалувањето на невработеноста трае во континуитет веќе 11 години, кога како невработено се водеше 38 отсто од работоспособното население, а претходната влада спроведуваше серија мерки за поттикнување и олеснување на вработувањата во домашни компании, како и во капацитети на странските инвеститори.
Од ВМРО-ДПМНЕ денес истакнаа дека најниската стапка на невработеност е резултат на економските мерки кои партијата ги презеде во последните 10 години, а со кои се отвориле околу 175.000 нови работни места.
Од СДСМ, пак, порачаа дека завршило времето кога иселувањето, бришењето од евиденција, и нарачани бројки од контролирани институции се прикажувало како намалување на невработеноста. Од партијата порачаа дека новата реформска влада преку поддршка на домашните фирми и со одговорно менаџирање на државните ресурси, ќе обезбеди реален економски раст и вистински пад на невработеноста.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
