Бизнис
24. February 2022 - 16:36

Експертите предупредуваат дека ќе следува нов ценовен шок

Граѓаните да се подготват за можни сериозни ценовни шокови и удар врз стандардот поради кризата на Истокот, предупредуваат експертите. Најлошото сценарио кое може да се случи е активирање на стоковите резерви за кои се сомневаат дека се добро подготвени. Но, во колкави размери ќе бидат последиците, ќе зависи од тоа дали и колку е подготвена државата, што е досега превземено и какви мерки за превенција ќе се донесат.

За да се намали притисокот од оваа криза врз граѓаните, експертите сметаат дека има простор владата да интервенира кај одредени давачки во буџетот, но предлагаат и итен ребаланс.

И енергетичарите предупедија дека ако земјава ги следи постапките на Европа или ќе се соочиме со недостаток на енергенси или ќе ги добиваме далеку повисока цена која нема да може да се издржи.

Од Владата засега нема одговор какви мерки ќе се преземат ниту колку сме финансиски подготвени да се справиме со оглед на тоа што енергенсите на берзите се драстично поскапени. Посочија само дека и земјава се придржува кон санкциите кон Русија, а состојбата таму будно се следи.