Македонија
10. February 2025 - 16:37

Експертите бараат брза реакција од надлежните за побезбедни патишта

"Новите законски измени за поголема безбедност во сообраќајот мора да се донесат што побрзо." Со ова предупредување, сообраќајните експерти повикуваат на итно усвојување на мерките, истакнувајќи дека секое одложување може да значи нови жртви на патиштата.

По првата јавна расправа во Собранието, за 21 февруари е закажана уште една потрврдија од МВР за Сител, на која ќе учествуваат сообраќајни експерти и професорската фела, со цел да се прецизираат измените кои треба да овозможат поголема безбедност во сообраќајот. На претходната расправа во Собранието, министерот Тошковски предложи низа построги мерки, вклучувајќи задолжителни тестови за психотропни супстанци при рутински контроли на возачите, конфискација на возила управувани од лица без возачка дозвола и заострување на казнената политика.

Сепак, овие законски измени не можат да стапат на сила без усвојување во парламентот, а кога ќе бидат доставени до пратениците се уште не е познато. 

Камерите на булеварите беа најавувани години наназад како систем кој би ги намалил сообраќајните прекршоци, но новиот систем сејф сити по кој ќе се казнува како што најавија од МВР ќе биде на начин кога на возачот преку смс порака во рок од 24 часа ќе му пристигне линк до информацијата но и фотографија во кој период од денот каков прекршок направил, по што веднаш ќе биде казнет. 

Со ова очекувањата на МВР се да се намали дивеењето по булеварите и да се спречат нови жртви.