Македонија
23. September 2025 - 12:22

Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата

Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата, порачаа учесниците на 16-таа меѓународна комнереција која ја организира факултетот за безбедност.

Само доколку институциите заеднички вложат напори, може да се смени сликата, а граѓаните да стекнат доверба во државниот апарат.

Моменталните податоци според експертската јавност која правела пет годишна анализа се поразителни секое трето лице било во контакт со корумпиран служебник лично или некој од најблиското опркружување.