Експерти на ЕМА во Москва ја проценуваат вакцината „Спутник В“
Експерти од Европската агенција за лекови (ЕМА) престојуваат во Москва за да ја проценат вакцината „Спутник В“ против Ковид-19, објавија денеска руските медиуми, наведувајќи дека претставниците на ЕМА ќе ги посетат и производствените капацитети.
Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина на почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на „Спутник В“ и разговараа со медицинскиот персонал, објави новинската агенција Интерфакс.
„Можеме да кажеме дека е во тек конструктивен дијалог“, изјави извор на Интерфакс за посетата на експертите на ЕМА, која е дел од постапката за анализа и проценка на ефикасноста на вакцината „Спутник В“.
Европската агенција ЕМА сè уште не даде одобрение за „Спутник В“, иако Унгарија, како членка на ЕУ, ја одобри руската вакцина на национално ниво по кратка постапка, а во меѓувреме неколку земји од ЕУ покажаа интерес за договор со Русија за набавка на вакцината.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада