Експерти: КХВ детално да провери кој стои зад обидот за преземање на Макпетрол
Каков капитал стои зад обидот за преземање на водечкиот дистрибутер на нафтени деравативо Македонија? Одговорот треба да го даде Комисијата за хартии од вредност која одлучува дали ќе дозволи обид за преземање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум Холдинг, компанија основана пред еден месец.
Комисијата за хартии од вредност треба детално да провери кој стои зад намерите за преземање на Макпетрол бидејќи се работи за голема компанија важна за функционирањето на економијата, велат експертите.
Во јавноста се јавија сомнежи дека зад компанијата Балкан Петролеум Холдинг, која неодамна е основана во Лондон, и директорот Василиј Евдокимов, стојат офшор фирми од Кипар и Девствените острови, а контроверзниот бизнисмен Ури Бидер, поврзуван со ппропадната романска рафинерија Рафо, бил виден на последното акционерско собрание на Макпетрол.
Професорот Марко Андонов вели дека комисијата има начини како ги испита сомнежите и капиталот зад намеритеза преземање на водечкиот дистрибутрер на нафтените деривати во земјата.
Рокот во кој Комисијата за хартии од вредност треба да одлучи дали ќе ја дозволи понудата за преземање на Макпетрол од страна на Балкан Петролеум Холдинг се уште тече, а документацијата и банкарската гаранција се разгледуваат.
Во јавноста има и тврдења дека инвеститорите ги контактирале акционерите и пред да ја достават јавната понуда, што е спротивно на законот.
Марко Андонов, професор на Американ Колеџ
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
