Експерти: Експлозија по 24 минути лет на рускиот патнички авион
Европските експерти, кои ги прегледаа двете црни кутии од рускиот патнички авион што се урна во Египет, синоќа соопштија дека причината за несреќата не била случајна и дека по 24 минути од полетувањето во леталото дошло до експлозија.
Како што јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Франс 2, експертите објавиле дека врз основа на снимките од разговорот во пилотската кабина и податоците за летот, утврдено е дека експлозијата не била несреќен случај, како и дека во почетната фаза на летот немало никакви знаци за механички дефект.
Во текот на првите 24 минути се било во ред, а потоа во дел од секунда дошло до прекин и немало никаков разговор во пилотската кабина, што експертите ги уверува дека во авионот била поставена бомба, објави телевизијата Франс 2.
Претходно рускиот претседател Владимир Путин се согласи со препораките на Федералната служба за безбедност да се прекине воздушниот сообраќај со Египет додека не бидат разјаснети причините за несреќата.
Рускиот претседател, исто така, побара воспоставување на соработка со Египет за гарантирање на безбедност во воздушниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори