Македонија
6. March 2020 - 16:55

Експерти: Економијата ќе расте побрзо со повеќе жени на раководни позиции

Економијата ќе расте побрзо кога ќе има повеќе жени на раководни позиции. Најдобар доказ за ова се скандинавските земји. Во пресрет на 8 март, жените ги сумираат постигнувањата. Ги има помалку на менаџерски позиции, земаат помала плата за иста работа, вршат многу работи без да добиваат надомест за тоа, ова главно се однесува на домашните обврски. Бизнис секторот со став, земјава има регулатива за правична застапеност, само таа треба доследно да се почитува. За подобрување на состојбата бараат да се воведат квоти и во приватниот сектор како што постојат во јавниот.

Состојбата е уште полоша во руралните средини каде 2 од три жени воопшто  не се активни на пазарот на труд, а само 5% имаат имот на свое име.

Најголем дел од вработените жени во земјава работат во услужниот сектор и во последно време во ИТ индустријата. Најмалку се застапени во енергетиката, машинската и електроиндустријата.