Македонија
22. August 2022 - 21:16

Експерти: Дали е време за предвремени избори?

На државата и е потребна нова стабилна влада, а доказ за тоа се последните избори одржани во трите општини во западна Македонијa смета аналитичарот Владимир Божиновски. Тоа што по гласањето во Општина Центар Жупа премиерот прогласи голема победа и  покрај тоа што на изборите имаше само еден кандидат, не е ништо друго вели освен очаен обид да се прикаже дека владата има некаков  легитимитет да раководи со државата. Дополнително според него, изборните резултати во Тетово која е втора општина по број на гласачи покажале дека граѓаните се расположени за промени.

За разлика од него, Албер Муслиу смета дека токму излезноста покажува дека граѓаните не се задоволни од актуелните политики на политичките партии. Тој смета дека повеќе фактори се во игра а главно предвремените избори зависат од тоа како власта ќе се справи со актуелната криза.

По Куманово, Тетово е втората најголема општина во која коалицијата на СДСМ и ДУИ по долги години ќе оди во опозиција.