Експерти: Без стабилни термоелектрани не чека тешка зима
Со вклучи-исклучи работи РЕК Битола. Во пресретна зимата и кога цената на струјата на берзите руши рекорди, најголемиот производител на струја во земјава се соочи со низа проблеми.
Но зошто потфрли домашното производство, дел од познавачите проблемот го гледаат во тоа што долги години политичарите не ги слушаат насоките на експертите по енергетика.
-Термоцентралите работат како што од прилика пред 40 години сите знаеја дека во Битола има јаглен за 30. Не се знаеше само дали за 30 или 40 години. Проблемот е што во последниве 40-тина години политичарите не ги слушаа енегетските експерти, или експертите за енергетика и не направија ништо да се решат проблемите за коишто знаевме дека ќе дојдат и сега дојдовме до оваа ситуација. Кој ќе го плати ова? Целата држава, сите ние, вели професор Талески.
Професор Талески вели дека во нормални услови никој нема да носи јаглен со камиони. Смета и дека многу се доцни и со набавката.
-Сега дека сме во таква ситуација ќе прифатиме секакво решение па дури и тоа што не е добро решение. На пример, превоз со камиони. Немаме друго решение за да се избегнат рестрикциите, јаглен до Битола и Осломеј треба да се носат и со камиони. Во нормална, тоа верувам дека никој не би го направил, вели профсор Талески.
Смета дека лошо ќе се помине зимата со вакви акумулации, особено што немаме енергија од термоцентралите.
Поради случувањата со струјата, Владата пред неколку дена прогласи кризна состојба од 30 дена и на ЕСМ им префрли 65 милиони евра. Но што ќе се поркива со овие пари се уште не се знае. Минатата недела и првиот човек на ЕЕЗ Копач посочи дека граѓаните треба да се подготват за повисоки сметки.
Стабилизација на цената на светските берзи се очекува да има во втора половина од следната година.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар