Експерт: Светот се соочува со „антибиотска апокалипса“ поради отпорноста на бактериите
Антимикробната или антибиотска резистентност може да претставува „крај за современата медицина“ и да доведе до „антибиотска апокалипса“, нагласи поранешната главна медицинска директорка за Англија и главен научен советник на Министерството за здравство, Сали Дејвис, јави ДПА.
Пред Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и инфективни болести, Дејвис предупреди на слабиот напредок во ограничувањето на отпорноста на бактериите кон антибиотици, зголемена опасност за која масовно се алармира во последните неколку години.
Дејвис, која моментно е специјален претставник на Велика Британија за антимикробна резистентност, истакна дека пазарот на антибиотици е „уништен“.
– Во споредба со профитот од осум милијарди долари на лекови против рак, загубата од 100 милиони долари на антимикробни средства значи дека нашите депоа за лекови стануваат се попразни – поради неефикасност, а не поради недостиг на научна способност, нагласи таа.
Владите мора да „дејствуваат сега“, инсистира Дејвис, додавајќи дека „за многумина е доцна, бидејќи тие го загубиле животот“.
Минатиот месец Г7 вети дека ќе потроши повеќе на истражување на антибиотици, при што Велика Британија и САД најавија субвенции за фармацевтски компании за развој на нови лекови. Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека „инфекциите предизвикани од микроби отпорни на антибиотици, се тешки, а понекогаш и невозможни за лекување“.
Иако бактериите природно можат да развијат отпорност на антибиотици со тек на времето, Светската здравствена организација нагласи дека тоа е „забрзан“ проблем поради „злоупотреба со антибиотици кај луѓе и животни“.
Истражувањето објавено минатата недела од Универзитетот во Вашингтон тврди дека антибиотиците биле „злоупотребени“ во Индија за време на смртоносниот неодамнешен бран на коронавирусот.
– Антибиотиците се ефикасни само против бактериски инфекции, а не против вирусни инфекции како што е Ковид-19, тврдат истражувачите, предупредувајќи дека „прекумерната употреба го зголемува ризикот од инфекции отпорни на лекови“.
Ново на Сител
-
Аеродромот во Минхен отворен откако втора ноќ по ред беше прекинат ависообраќајот поради забележани дронови
-
Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, највисока снежна покривка на Попова Шапка
-
Нови руски напади со дронови врз Украина
-
Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно
-
Се интензивираат активностите на учесниците на Локалните избори 2025
-
21. „Бела ноќ“ во Скопје
-
Израелската Влада нареди запирање на офанзивните операции во Појасот Газа
-
Сообраќајот тековно, по влажни коловози