Ексхумиран генерал Франко
Шпанските власти денеска ги ексхумираа посмртните останки на поранешниот воен диктатор, генерал Франциско Франко и истите ќе бидат префрлени на државните гробишта Ел Пардо во Мадрид, каде што почива неговата сопруга.
Медиумите не ја следеа ексхумацијата, а присуствува 22 наследници на Франко, свештеник, форензичар и шпанската министерка за правда Долорес Делгадо.
Постапката за ексхумација беше одобрена откако шпанскиот Врховен суд неодамна ги одби преговорите од членовите на семејството на Франко.
Почивалиштето на Франко со децении предизвикуваше полемики во Шпанија. Тој беше погребан во мавзолејот Долина на паднатите, што за многумина е споменик што го слави фашизмот, додека припадниците на ултрадесницата го сметаат за светилиште. Дел од мавзолејот е изграден од политички затвореници, кои режимот на Франко ги казнуваше со принудна работа.
Франко е роден во 1892 година во Галиција во војничко семејство, а во 20-тите години од минатиот век стана најмладиот шпански генерал. По победата на левичарскиот Народен фронт во 1936 година, Франко и други генерали организираа воен удар, што прерасна во тригодишна граѓанска војна. Франко победи во Шпанската граѓанска војна со помош на нацистичка Германија и Италија на Мусолини. Тој по победата во граѓанската војна во 1939 година воспостави диктатура и се прогласи за претседател на Шпанија. Генерал Франко остана на власт се до неговата смрт во 1975 година.
Ново на Сител
-
ЦУК: 27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје