Екс претседателот на Кривичен, Панчевски се соочи со експертот кој го одржувал АКМИС
Во Основниот суд во Велес денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.
На рочиштето сведочи Горан Митев, вработен во компанијата која го развивала и одржувала системот АКМИС кој судовите го користат за распределба и водење на судските предмети.
Тој појасни дека компјутерскиот систем имал можност и за рачна распределба на предмети ако во моментот немало дежурен судија.
Сведокот потврди дека Панчевски барал дополнително усовршување на системот бидејќи недостасувале критериуми за распределба на одредени предмети.
Сведокот појасни дека и со одлука на претседателот на судот може предмет да биде прераспределен ако е итен, бидејќи како што рече сведокот Митев, може некој судија да е отсутен или преоптоварен со работа.
Панчевски е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот бидејќи според обвинението со негова наредба се распределувале предмети во периодот од 2013 до 2016 година.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен
-
Таксист од Гевгелија нападнат и ограбен од двајца патници
-
Скопјанец прегазил две 80-годишни жени на крстосница
-
Британски борбен авион Ф-35 изврши принудно слетување во Јапонија
-
Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила
-
Приведени четири возачи за возење под дејство на алкохол
-
Нешто помалку од 1.600 хектари изгореле во пожарот во близина на Атина