-->
-->
Екс-југословените не се повеќе странци во српскиот фудбал
-->

Најпопуларните српски клубови Црвена ѕвезда и Партизан со заеднички сили ја добија битката против националниот сојуз, откако Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ИО ФСС) го прифатил предлогот од наредната сезона по двајца играчи од просторите на поранешна Југославија да се третираат како домашни фудбалери.
„Прифатен е предлогот покрај четворица странски фудбалери во клубовите кои настапуваат во Суперлигата (кои можат да бидат во протоколот) да се дозволи и можност дополнително да има уште двајца фудбалери од просторите на поранешна Југославија кои нема да бидат третирани како странци“, стои во соопштението кое по состанокот го објави ИО на ФСС.
Оваа одлука значи дека Даниел Аврамовски за Црвана ѕвезда ќе може да настапува за Црвена ѕвезда, а истото важи и за фудбалерот на Партизан, Иван Бандаловски, кој има македонско и бугарско државјанство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали